Вести

Илирјани: На овој начин ќе ја смениме културата во туризмот во Албанија

Интервјуиран во централата на Хедхантер во Тирана од страна на Албанската Телевизија, основачот на еден од најголемите работодавачи на Балкан, Елтон Илирјани, зборуваше за “People First” проектот, чија цел е да обучи и вработи две илјади млади луѓе и тоа не само во секторот туризам во Албанија.

Поврзано со овој проект, кој обезбедува бесплатни обуки во тренинг центрите во 5 региони и тоа: Тирана, Драч-Каваја, Валона, Корча-Поградец и Скадар, како и платена пракса, Илирјани изјави:

“До сега примивме 450 апликации, за првата година имаме цел да имаме 1000 апликанти и уште 1000 за втората година. Ќе имаме договори со хотели, барови и ресторани и земајќи го во предвид фактот дека апликантите ќе имаат пракса во нив тоа би значело и нивно вработување”- одговори Илирјани запрашан за досегашното влијанието на проектот.

Запрашан за процентот на покривање на пазарот на труд кој ќе го имаат овие млади луѓе, Илирјани одговори:

“Верувам дека тие ќе покријат околу 30% од пазарот на труд”

Поврзано со филозофијата на проектот кој вклучува еднакви права на вработување на обесправените групи, Илирјани изјави: “ Помеѓу луѓето кои ќе имаат корист од проектот се и ЛГБТ луѓето, обесправени жени и деца од ромската заедница. Албанија која не вклучува е Албанија која ја видовме до сега а, тоа не е во ред”

Но каква е понудата на услуга во секторот туризам?

“Има недостаток на насмевка и љубезност од страна на келенерите. Вработените во продажба не помагаат, тоа го земаат како навредливо, можеш да ги најдиш како зборуваат на телефон кога влегуваш во продавница итн. Ова многу зависи и од работодавачот кој ја пренесува етиката на работа” – рече основачот на Хедхантер

На прашањето колку време ќе треба за да се подобри етиката во туризмот, основачот на компанијата со филијали во Косово, Грција, Босна, Црна Гора, Македонија и САД, рече: “Ќе ни требаат 5 години ако работиме напорно”.

Хедхантер веќе започна со првите напори со двегодишниот проект “People First”

Гледајте го видеото подолу од вестите на TVSH и испратете ваша биографија на info@headhunter.alдоколку сте заинтересирани да бидете дел од овој проект.

https://www.youtube.com/watch?v=W4AhzP2ygB4&feature=youtu.be