Вести

Илирјани: Туризмот како можност за напредување во кариерата

Повикан во ТВ програмите „ Добро Утро Албанија“ на ТВСХ и во Разбудете се со Топ Канал на 7ми и 9ти овој месец, основачот на Тхе Хеадхунтер Груп, Елтон Илирјани, ги повика сите млади луѓе да се вклучат што е можно повеќе во развивање на туризмот, каде што вработувањето и развивање на стабилна кариера станува реално.

Прашан зошто има се повеќе млади кои работат но не се задоволони од своите плати, предвидени според INSTAT, Илирјани одговори: „ Проблемот е во тоа што поголемиот дел од времето тие се вклучени во семејните бизниси каде што не се третирани доволно професионално. Сите сакаат да имаат работа каде што многу брзо ќе дојдат до поголема сума на пари во професиите како што се новинарството, адвокатурата или заменици на одредени позиции. Но, всушност, туризмот е една од подобрите професии кои ќе им даде на младите луѓе една постабилна иднина.“

Но дали ова ќе им помогне и ќе им биде достапно и на луѓе кои немаат Универзитетска диплома за туризам?

Според Илирјани, не постои никаков проблем да некој кој, на пример, има диплома за правник, да стане добар менаџер во некој престижен хотел.

„ Секој кој поседува Универзитетска диплома може да биде менаџер на голем ресорт, менаџер на хотел со 5 звездички. За 5 години можеби ќе има големи инвестиции во Албанија, можеби ќе има хотели како Хилтон итн. А со тоа и платите ќе бидат доста големи. “

Зборуваме за People First Project , каде што Тхе Хеадхунтер ќе изврши бесплатна обука на околу 2 илјади млади луѓе за 8 различни работни позиции туристичкиот сектор, кој подоцна ќе им овозможи и вработување во околу 400 туристички бизниси во Албанија, воедно Илирјани ги повика и државните структури со кои соработува Тхе Хеадхунтер да бидат спремни за формирање на групи за работа.

Анализирајќи дел од проблемите од туристичкиот сектор, Илирјани додаде: „ Ние немаме доволно добро организирани структири за обука на млади во областа на туризмот.“

Според него: „ Најважното нешто е да младите почнат да веруваат во туристичката индустрија. Па затоа работата во туризмот станува се попоуларна бидејќи таму ја гледаат иднината. Готвачите сега можат да достигнат плата од 3 до 4 илјади евра и да создадат одредена слика за себе.“

Илирјани , исто така, ја истакна и иновацијата на Туристичката Академија во Дерми, основана од Тхе Хеадхунтер, која воедно ќе биде и за практикантсво на многу талентирани млади.

Ова е идеја која доаѓа од искуство од Гласгов. Проблемот е што многу млади луѓе ја имаат изгубено мотивацијата за работа затоа што се разочарани и ја имаат изгубено нивната верба. Но од друга страна пак , за работодавачите ова е многу голема услуга. За две години ќе има 2000 луѓе кои ќе бидат квалификувани во областа од туризмот со интернационален сертификат признат и со логоата од USAID или Шведската Амбасада, Министерството за Социјална заштита и Агенцијата за Вработување.

Работодавачите исто така морат да разберат дека вложувањето во обучување на луѓе не е дополнителен трошок, туку инвестиција со двојно или тројно враќање. “ - заврши Илирјани и ги повика сите заинтересирани индивидуи да ги испратат своите CV -ја на info@headhunter.al и да се здобијат со бенефит од оваа бесплатна обука, платена пракса и можност за вработување во туризмот подржан од Тхе Хеадхунтер.

За повеќе информации, можете да ги погледнете линковите со видеа , дадени подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=rlb3qpmo35s

https://www.youtube.com/watch?v=mNUmnuEi7WY