Вести

Илирјани: Единствена можност, на овој начин ќе вработиме 2000 млади луѓе

Туризмот и вработувањата се релативно позитвни и млади побарувања.

The HeadHunter групацијата е дел од тој тренд.

За да го објасниме ова подобро, Елтон Илирјани, основачот на The HeadHunter, пред некое време беше повикан на гостување во ТВ шоуата „Медите“ и „Некст“ на Визион Плус ТВ.

Илирјани зборуваше за проектот “People Project” ко-финансиран од USAID, Шведската влада и The HeadHunter, која се стреми кон обука на 2 илјади млади луѓе во областа на туризмот.

„Работата во туризмот е сега во тренд, затоа што да работиш како готвач, на пример, подвлекува дека имаш и голема плата. Плата варира од 2 до 4 илјади евра“ - рече Илирјани.

„ Ние нудиме обука и вработување на 8 профили. Се појави и нова професија во овој сектор , техничар за одржување, но за жал повеќето млади луѓе сакаат да завршат право, да станат актери или пак да водат некое ТВ шоу како вас.“ - истакна Илирјани.

„Има работа во ИТ секторот, за електричари, одржувачи на базени, контрола на квалиетот на водата во кои се потребни одредени тестови за нејзино испитување. За жал, од објавените 1000 позиции ние сме само на половина пат сега за сега. Па затоа апелирам до сите млади луѓе да аплицираат и да го испратат својот емаил на адресите дадени на нашата веб страна“ - додаде Илирјани.

Поврзано со повикувањето на младите да остварат бенефит од бесплатните обуки и платената пракса, Илирјани забележа:

„Тие ја имаат изгубено вербата во вработувањата, или веруваат дека треба да платат за да добијат одредена работа, со подмитување. Ова е погрешно, затоа што ние имаме 1 илјада отворени работни места за оваа година, и уште 1 илјада нови работни места за наредната година. Ова е исто дело и на мрзеливоста.

На крајот тие мораат да почнат да размислуваат озбилно за својата кариера. Во некои крајни случаеви, системот не функционира соодветно и тоа не е нивна вина, но во нашиот случај ние не бараме премногу претходно искуство за да аплицираат за одредена работна позиција. Се што бараме од нив е да ги исполнуваат критериумите за старост за одредена работа. Исто така ја имаме и Туристичката Академија во Дерми, која се вика HH Boutique Hotel  и најдобрите студенти ќе бидат добро платени за да работат таму и да ги служат гостите. “ Поврзано со тоа како овие вработувања ќе се остварат, Илирјани додаде:

„Ние исто така имаме меморандуми за соработка со 400 хотели и ресторани, каде овие луѓе ќе бидат вработени. Па така тие ќе имаат 6 неделна обука и позитивно искуство од нивната пракса. Некој ќе биде менаџер на хотел, некој ќе управува со шанкот, итн. Би било одлично искуство за сите кои ќе станат дел од ова. Уште еднаш ги повикувам да аплицираат. Исто така ќе се здобијат и со Интернационален сертификат потпишан од USAID, Шведската влада, The Headhunter и Министерството за Труд и Социјала. Освен за менаџер за хотел, сите останати со средна спрема или основно училиште можат да бидат вработени. Ќе бидат селектирани и ќе бидат обучени и ќе добијат животна шанса за вработување. Ќе бидат платени со по 200 долари додека се на пракса и платено здравствено осигурување.

Ако хотел како што е Хилтон , реши да инвестира во Албанија, тие ќе имаат поголема побарувачка а ние ќе имаме одлично обучени млади луѓе да им понудиме. Обуките ќе се одвиваат во 5 различни градови и подоцна кандидатите ќе бидат вработени доколку и тие се согласат со условите. Тие не би требало да трошат повеќе време на политичките кампањи, наместо тоа треба да се обратат кон професионалци кои ќе им помогнат во остварувањето на нивната кариера.“ - заврши Илирјани.

За повеќе информации, можете да ги погледнете линковите подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=otRMRynf7SU

https://www.youtube.com/watch?v=bYZQq0Mk4IM&feature=youtu.be