Вести

Баланс Приватен Живот - Кариера, мислење од регрут експерт на The HeadHunter

Поканета на TVSH за разговор на тема баланс помеѓу приватниот живот - кариера, експертот од HeadHunter , Ергеста Стермаси, зборуваше и за еднаквоста помеѓу мажите и жените во Албанија за работните саати и платата.

 

Стермаси кажа „На семејно ниво, во едно нормално семејество, финансискиот придонес на жената може да биде поголем во однос на мажот и тоа за истата работна позиција.“ посочувајќи декаситуацијата во Албанија не е толку многу дискриминирачка како што тоа може да биде во некои други земји.

 

За корелацијата помеѓу продуктивноста и работните часови, експертот од The HeadHunter кажа: „Постои причина зошто работните часови во некои земји се намалени, затоа што ние не сме продуктивни 8 часови на ден постојано, едноставно немаме добар перформанс. Ова не прави да се чувствуваме нервозни, да не се чувствуваме баш најдобро. За да се има продуктивност, треба да се почитуваат законите. Но ако луѓето работат екста часови тогаш тоа е премногу.

 

Прашана дали сите 8 часови се ефективни, Стермаси кажа:

„Помеѓу овие 8 часови постои и одредени паузи. Нема 8 часови константна продуктивна работа, обично тоа се сведува на околу 6 или помалку продуктивни часови. Но исто така постојат компании кои нудат 8 часови ефективни работни часови. Неколку минути пред завршувањето на работните часови, вработените можеби не би имале ништо ново да понудат. Ова може да направи да мајка на две деца заради целосна посветеност кон работата да ги запостави децата. Доколку бидеме платени за екстра пари, повеќето од вработените би останале на работа затоа што им се потребни овие пари, но доколку се принудени да ги одработат овие саати а да не бидат платени за истите, затоа што администраторот или сопственикот го бара тоа од нив, е сосема нова непријатна ситуација. Постојат компании кои ги тераат своите вработени да работат и во сабота иако се само 4 работни часови, не смеат по закон.“

 

Според Стермаси, тајната за балансот помеѓу работата и животот, е создавање на пасија кон работата па така работата нема да се претвори во алат за преживување.

 

Запрашана дали во текот на селекција и регрутација на работници повеќе се фокусира кон ЦВ-јата или кон кандидатите, Стермаси изјави дека повеќето кандидати кажуваат дека ја напуштаат својата работа поради работењето од утро до мрак и работа за време на викендите.

Но ова оди во прилог на работодавачите, затоа што преферираат луѓе со флексибилно работно време.

 

За повеќе информации, погледнете го видеото подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=HWmuTq1i418