Вести

LGBT Индекс, Хедхантер награди 10 компании

Хедхантер Групација на 05 Септември 2017 година во Палатата на Бригадите (Претседателската Палата) во Тирана, Албанија организира Гала Настан на кој награди 10 компании кои учествуваа во истражувањето на проектот за LGBTIQ Индексот за Еднаквост.

LGBT Индекс за еднаквост при вработувањето е прв таков индекс во Албанија и Источна Европа. LGBTIQ Индексот е систем на рангирање преку кој се одредува во која мера и дали компаниите ги почитуваат правата и дигнитетот на LGBT работниците и барателите на работа.

Ги наградува оние кои се обврзаа за разновидност на работното место. Исто така, претставува одлична можност за компаниите, потрошувачите и правните власти да промовираат најдобри практики во секторот за вработување.

Во оваа втора година од иницијативата, албанските компании покажаа голем интерес за учество во рангирањето, а вкупно 109 компании од повеќе индустрии доброволно учествуваа во истражувањето. Следејќи стандардизиран формат и методологија,тимот на Хедхантер изврши интервјуа на лице место и верификација на политиките и практиките.

За оваа година, наградите беа следни:

Признание:

Компаниите: BAT, Club FM, Argjendari Pirro.

Бронзена Награда: Plaza Hotel, Tirana Bank, NOA SHPK.

Сребрена Награда: Neptun shpk, ABKONS.

Златна Награда: British Council Albania, Vodafone Albania.

На овој настан присуствуваа голем број амбасадори на земјите од Европската Унија, како и амбасадорите на Советот на Европа, САД и Велика Британија, кои ги доделија наградите на добитниците на компаниите.

https://www.youtube.com/watch?v=MMLpnbap9hM