Вести

Илирјани: Промена на распоредот на администрацијата, визионерски проект на Премиерот

 

Неодамна беше разговарано за проектот на албанската влада за промена на работниот распоред на јавната администрација. Се дискутира дека новиот распоред ќе биде продолжен до 17:30, со целосен час за ручек за вработените.

За да се зборува за оваа тема, вчера на албанската јавна телевизија беше поканет основачот на The Headhunter, Елтон Илирјани, на емисијата „Добро утро Албанија“.

Запрашан за овој проект, Илирјани го даде следниов одговор:

„Мислам дека ова е една од најуспешните реформи што ќе ги направи премиерот на земјата, а јас не сум политички ориентиран, јас сум меѓу луѓето кои никогаш не гласале за ниту една партија. Но, премиерот добро размислува. Мислам дека тоа е вистинско решение“.

„Бидејќи нашата вредна администрација“, продолжи Илирјани иронично, „оди на пауза по еден, два или три часа и понекогаш дури и не можеме да ги најдеме во нивните канцеларии. Значи општествено мислам дека нема да има големо влијание затоа што тие (вработените) ќе ја најдат можноста да си заминат. Главната работа што ја гледам овде е дека еден час пауза за ручек треба да биде легитимиран, бидејќи до сега не е легитимиран“.

„Мислам дека тоа е вистинскиот избор“, Илирјани го повтори своето убедување. – Целиот овој потфат, сето ова дека премиерот прави јавно-приватни партнерства има логика, затоа што приватниот бизнис затвора во 17:30 часот. Ние отвораме во 09:00 и затвораме во 17:30. Би било добро да функционира јавно-приватната соработка, а не да одите во 17:00 или 15:49 и да не најдете никој во администрација. Можеби ќе ни треба документација или во последен момент промена на NIPT. Има и странски инвеститори кои се изненадени дека луѓето заминуваат во 15:00 часот.

Запрашан дали ова би значело дека вработените во администрацијата никогаш не треба да јадат непречено, Илирјани одговорил:

„Постојат многу причини за ова. Тој (премиерот) е визионер кога станува збор за вработување, барем колку што го познавам јас, не знам за останатите. Што се однесува до бизнисот во Албанија, би било од голема помош да се има администрација која ќе завршува со работа во 17:30 часот; а како државата избира да го регулира ова, без разлика дали вработените се задоволни или не, за кои верувам дека не се толку зафатени како луѓето кои работат во приватен бизнис, тоа е друга работа. Гледам дека кандидатите ме замолуваат да ги вработам во администрација затоа што не се користат во приватните бизниси каде што шефот постојано бара работа, каде распоредот станува супер-распоред, каде што се работи во саботите и неделите и понекогаш се плаќа помалку од администрацијата. Господата во администрацијата треба да разберат дека ние го искористуваме целото време, ние сме еманципирани бизниси и сакаме еманципирана администрација“.  

 

Запрашан доколку е до него, како ќе го организира распоредот за работа, Илирјани рече:

„Јас ќе го дадам најдоброто од себе за Албанија. Ја разбирам загриженоста, но ова е вистинска одлука, исто така гледано од регионот каде што работам, споредено со 7  земји во регионот каде што сум лидер. Тоа го дава темпото на администрацијата, кое не треба да биде поспано. Албанската држава треба да се направи во ист чекор со албанскиот приватен бизнис. Овој распоред ќе имплицира повеќе, ќе ги направи вработените поодговорни. Знам дека и во Македонија има пауза од час и половина или два часа дневно за да одат да ги хранат нивните деца. Ова не е продолжување на распоредот, ова е промена во распоредот“, заклучи извршниот директор на најголемата компанија за вработување во регионот, во неговото гостување во RTSH.

Кликнете на линкот подолу за да ја погледнете целата емисија:

https://www.youtube.com/watch?v=xfk-0xM5HlM&feature=youtu.be