Вести

Најнов проект: „Вработи се на Кипар“ – можност која не се пропушта

 

ВЕСТИ ОД НАЈГОЛЕМАТА КОМПАНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, „THE HEADHUNTER“

 

Денес, на „7 без 5“, во телевизијата „Vision Plus“ беше поканета г-ѓа Егреста Стермаси, раководител на проектите за вработување и човечки ресурси, која го претстави последниот проект за вработување во Кипар. Г-ѓа Стермаси кажа дека ова е одлична можност за сите албански државјани кои имаат дозволи за престој од земјите од Европската Унија да бидат вработени во угостителската индустрија како шеф на кујна, рецепционер, келнер, бармен, собна услуга, техничко одржување, обезбедување и одржување на базен, чистач и др.

Покрај Албанија, овој проект е проширен и во Косово, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за граѓаните на овие земји кои ги исполнуваат критериумите, како и во Грција, за Албанските емигранти кои живеат таму. Сите заинтересирани кандидати кои покрај важечката дозвола за престој во земјите на ЕУ, ги исполнуваат и другите критериуми како: многу добро познавање на англиски јазик, претходно искуство или желба да бидат вработени во областа на угостителството/туризмот и др., се поканети да аплицираат со испраќање на CV до соодветните канцеларии на The HeadHunter Group.

За време на интервјуто, г-ѓа Стермаси изјави: „Очекуваме да имаме голем број на апликации, бидејќи од првиот момент кога беше објавен огласот, ни стигнаа голем број на CV-a. Кипар е одлична можност за вработување, при што вработените лица, покрај тоа што се платени многу добро и имаат многу поволни услови на работа, имаат можност и да ја развијат својата кариера во туристичката индустрија.“

Г-ѓа. Стермаси, исто така, ги спомна и другите бенефиции кои се вклучени во пакетот за вработување, како што се осигурување, обезбедена храна и сместување, што ќе им овозможи на вработените побезбеден и поудобен престој на Кипар.

„Ние како The HeadHunter, сакаме да ги мотивираме младите луѓе кои сакаат да истражуваат преку границите на нивните земји, да станат дел од хотелиерскиот персонал на Кипар, со договори од 3 месеци, 6 месеци и 1 година.“

Целосното интервју може да го најдете на линкот подолу, и во исто време може да ги испратите вашите биографии на: info@headhunter.al или на e.stermasi@headhunter.al

https://www.youtube.com/watch?v=QUgmPH09kDY

 

 

објавен : 20:05 (GMT+1), 11 декември 2017