Mundësi Punësimi

Junior accountant

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решенија за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на наш клиент, современа компанија за брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица, бараме:

 

ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.

 

Опис на работното место:

  • Прием на сметководствени документи за книжење
  • Книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењето на трансакциите
  • Книжење на денарски и девизни изводи
  • Подготвување на извештаи и поднесоци до институции
  • Изработка на анализи и извештаи во Excel
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на сметководство

 

Профил на кандидат:

  • Образование: ВСС- Економски Факултет 
  • Минимум 1 година работно искуство во областа сметководство и финансии (не е потребна Лиценца за овластен сметководител)
  • Познавање на законска регулатива од областа на сметководство и даноците
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Организациски и аналитички способности
  • Способност за работа со голем обем на информации
  • Подготвеност за работа во куси рокови
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Комуникативност и доверливост
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати

 

Услови кои ги нуди компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

 

Понуда/Плата:  Компетитивна

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 2 3111 741 (Понеделник-Петок) или испратете e-mail на rabota@theheadhunter.com до 15 Февруари 2019


Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Përshkrimi i punës

Vendndodhja

Skopje, Macedonia

Lloji i punës

Accountant

Paga

Competetive

I publikuar

05/02/2019 15:50