LGBTIQ Индекс

LGBTIQ ИНДЕКС

LGBT Индекс за еднаквост при вработувањето е прв таков индекс во Албанија и во останатите балкански држави кои не се членки на ЕУ. LGBTIQИндексот е систем на рангирање преку кој се одредува во која мера и дали компаниите ги почитуваат правата и дигнитетот на LGBT заедницата при вработувањето, пристапноста до обуки, развој и општи пракси во процесот при вработување. Дополнително се истражува и дали компаниите го почитуваат локалното законодавство на таа тема. The Headhunter Group се одлучи да го спроведе ова истражување како дел од својата посветеност кон корпоративната општествена одговорност и поддршка на различноста на работното место. The Headhunter Group посветено работи на тоа сите маргинализирани граѓани да имаат еднаква можност при вработувањето без разлика на нивниот пол, раса, религиозна или сексуална определба. Групацијата е добро позиционирана во смисол на кредибилитет кој го има во приватниот сектор а со тоа е во можност да креира и лансира ваков проект.

Секоја година при одбележување на Меѓународниот ден за борба против хомофобија и трансфобија – 17ти мај, The Headhunter Group ги презентира резултатите од истражувањето и доделува награди на компаниите кои се пример за заштита на правата и дигнитетот на лицата од LGBT заедницата кои бараат работа или се вработени а се соочуваат со дискриминација.

Моменталната ситуација во Албанија:

Владата на Р.Албанија се залага и прави напредок при вклучувањето на жените, младите и малцинствата во сите сфери на животот. Во моментов, Владата е инцијатор на голем број на проекти во различни министерства со цел да се заштитат правата и да се промовира социјалното вклучување на маргинализираните групи.

Во март 2010 година, Албанија го усвои законот со наслов "За заштита од дискриминација". Законот ги штити сите Албанци и конкретно е наведено дека не можат да бидат дискриминирани врз основ на нивниот пол, возраст, сексуална ориентација, религија, политички убедувања, етничка припадност, како и многу други причини. Се забранува дискриминација при вработувањето, образованието и многу други сфери од општественото живеење. Комесарот за заштита од дискриминација може да ги ислуша, истражува и решава на жалбите поднесени до него. По разгледувањето на сите информации, канцеларијата на Комесарот може да побара случајот да се реши по пат на медијација. Ако тоа не може да се направи, канцеларијата на Комесарот изготвува решение кое содржи соодветни мерки и прописи кои треба да се преземат и поставува временска рамка за нивно спроведување. Одредени случаи може да поднесе директно до надлежниот суд.
 

На 17 мај, албанскиот Парламент ја одобри резолуцијата "За заштита на правата и основните слободи на ЛГБТ заедницата". Министерството за труд, социјални работи и еднакви можности, со поддршка на „Единицата за сексуална ориентација и родова идентификација“ (SOGI) при Советот на Европа го разви Националниот акционен план за период 2015-2020 со значајни информации од граѓанското општество и ЛГБТ заедницата.

Ако сте заинтересирани за повеќе информации во врска со LGBTIQ Index или вклучување на Вашата компанија во истражувањето, ве молиме контактирајте го нашиот координатор на проектот Elton Ilirjani директно на е-маил: [email protected]

 

  • LGBTIQ trophies

  • The HeadHunter Group