Вести

The HeadHunter Group, наскоро со нова канцеларија во Атина

The HeadHunter Group, најголемата комапнија за регрутација на вработени во Западен Балкан, со седиште во Тирана и свои претставништва во Косово, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, наскоро ќе отвори канцеларија и во Атина, Грција.

Овој важен настан доаѓа како резултат на понатамошната експанзија и зајакнување на групацијата во полето на регрутација на кадри и останати услуги од областа на човечките ресурси.

Ова не е конечен чекор, бидејќи наскоро се очекуваат и нови настани од поголеми размери.