Вести

Хедхантер Македонија, присутни на Саемот на Кариера

По втор пат Хеадхантер Македонија учествуваше на Годишниот Саем за Кариера кој се одржа на кампусот на Југоисточно Европскиот Универзитет (SEEU) на 26ти Април 2017 година.

Учесниците имаа можност да бидат иноформирани за многуте услуги и можности кои Хедхантер ги нуди на студентите и барателите на работа на националниот и интернационален пазар на труд.

Со саемот на кариера универзитетот, на своите студенти им нуди можност да добијат вработување и пракса во еднa од околу 40-те компании и организации кои учествуваа на саемот оваа година.

Саемот за кариера е одлична можност  за студентите да се запознаат со работодавачите и да поразговараат за квалификациите и вештините кои се бараат на пазарот на труд или во одредена компанија.