Ιστολόγιο

КАДЕ СЕ ГЛЕДАТЕ СЕБЕСИ ЗА 5 ГОДИНИ?

Што значи и како да го одговорите ова прашање при интервјуто за работа?

 

Никој не може да го предвиди времето толку далеку во иднината, особено младите луѓе кои штотуку дипломирале, но работодавците го поставуваат ова „трик“ прашање со добра причина и истото може да биде пресудно при интервјуто за работа – позитивно или негативно.

 

Што всушност значи прашањето: “Каде се гледате себеси  за 5 години?”

Ова прашање не значи да извадите кристална топка и точно да одговорите за вашата иднина во наредните 5 години, туку ова прашање добро ги филтрира слабите и несоодветни кандидати.

Среќа, одговорот може да се научи!

Работодавачот сака да регрутира луѓе кои се силно мотивирани, имаат некоја своја претстава за иднината, посветени се на нивната работа и имаат слични цели  и вредности. Регрутацијата одзема доста средства и време - затоа потенцијалните работодавци сакаат да се осигураат дека кандидатот е сериозен за работната позиција и има намера да остане во компанијата.

Ќе ве прашаат:

  • Кои се вашите цели за кариера на долги стази;
  • Како оваа позиција помага за остварување на вашиот успех;
  • Што би било идеална позиција или услови конкретно во оваа фаза од вашата кариера;
  • Што е тоа што ви е најважно во кариерата;

Како да одговорите?

  • Разбирливо, секој работодавач сака да вработи некој што навистина е заинтересиран за работата и на позиција за која пред се гледа како голем ЧЕКОР во својата кариера и неуморно ќе работи за добро да ја извршува истата.

 

За добро да го одговорите ова прашање, направете структура која што ќе се состои од:

 

- Потенцирање на вашите долгорочни цели (кои треба да се слични на целите на компанијата)

- Како оваа работна позиција ќе ви помогне да ги достигнете истите

 

За да ги изградите вашите одговори врз оваа структура, пред се размислете и одлучете ЗОШТО оваа работа ве интересира. Што е тоа што ве исполнува работејќи ја оваа работна позиција? Дали е тоа страст кон релевантниот сектор, одредени одговорности во кои сте најдобри... било што и да е, вметнете го во вашиот одговор. Внимавајте на реалната слика, наведете цели кои реално се постигнуваат во рамката на 5 години или онолку години за колку ќе ве прашаат.

 

  • Истражете ја компанијата, никогаш немојте да одите на интервју за работна позиција незнаејќи ништо за самата компанија. Дознајте која е нивната визија и цел за да можете лесно да создадете идеја зошто би сакале да работите таму.
  • Не грижете се доколку не знаете во која насока сакате вашата кариера да се движи. Едноставно препуштете се на вашата желба за напредок и развој на вашата личност. Силно мотивираните и самоуверени кандидати се најдобри кандидати. Иако не знаете каде сакате да бидете точно за 5 години, важно е да сакате да напредувате. Затоа, особено потенцирајте го напредокот и желбата за здобивање на нови вештини.
  • Зрачете со ентузијазам! Со тоа ќе покажете дека сте сериозни за работната позиција и дека навистина сакате да ја добиете.
  • Демонстрирајте  посветеност кон компанијата.
  • Бидете самоуверени, тој што ве интервјуира знае дека не можете да ја предвидите иднината, но сака да слушне каде вие сакате да се видете во неа.