Вести

Фондација Рини Албанија, посветена на борба против дискриминација на работното место

Со поддршка на Амбасадата на САД во Тирана, Фондацијата „Рини Албанија“ како дел од The HeadHunter Group, во следните месеци ќе имплементира проект кој опфаќа обуки и развивање на свесност за „Создавање на култура за поднесување претставки во прилог на законот за анти-дискриминација“.

Фокус  на проектот е дискриминацијата која се јавува на работното место по разни основи.

За таа цел, „Рини Албанија“ во соработка со поголем број локални институции ќе обучи стотици потенцијални кандидати за работа и менаџери за човечки ресурси на приватни компании во повеќе градови низ Албанија.

The HeadHunter Group во рамки на проектот ќе изготви голем број на извештаи кои се клучни за превземање на корективни мерки во насока на подобрување на состојбите на работното место.