Вести

Селекцијата на стјуардеси за Kuwait Airways заврши успешно!

Вчера, во Tirana International Hotel заврши процесот на селекција на стјуардеси за Kuwait Airways со голем успех. Oдбраните девојки ќе посетуваат тренинг во Кувајт за стјуардеси за да можат да ја продолжат својата кариера во една од најпрестижните интернационални авио-компании - Kuwait Airways. 

Седумнаесет кандидати регрутирани од страна на The Headhunter од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора беа одбрани и имаа успех меѓу големиот број на пристигнати апликации. 

По завршувањето на тестовите и интервјуата, само кандидатите со најдобри резултати продолжија понатаму во следна фаза на градење на нивната кариера. 

The Headhunter и Meccti се многу задоволни од постигнатите резултатите и ќе продолжат понатаму со својата успешна соработка.

Добра вест за оние кои не постигнаа успех во оваа фаза - ќе имаат повторно шанса тоа да го сторат и да го остварат својот сон да бидат стјуардеси во нов селекциски процес кој ќе започне во февруари 2017.