Вести

САД и Шведска го најавуваат проектот “People First”

 

Тирана, 15.12.2016  УСАИД и Амбасадата на Шведска во Албанија најавија дека The Headhunter е одбрана да го имплементира проектот “People First: Growth in Tourism through Qualified Human Resources”, проект кој во фокусот ги има човечките ресурси при креирањето на нови работни места.

The Headhunter е приватна компанија која им помага на Албанците да пронајдат и да изградат кариера во туризмот преку посредување при вработување, лизинг на вработени и кариерно советување.

Министерот за социјални работи на Албанија, Бленди Клоси како и претставниците од Шведска – Бригита Јансон и УСАИД – Кејт Џонсон ја објавија одлуката и забелешките на церемонија организирана од страна на

The Headhunter. На настанот г-ин Елтон Илирјани како основач и сопственик на  The Headhunter и г-ин Бесарт Конди како директор на проектот, ги презентираа деталите за проектот пред претставници на невладините организации, младите луѓе и медиумите. 

“People First” ќе промовира пораст на работни места преку обуки и селекција на соодветни кандидати со вештини барани од страна на туристичкиот сектор во Албанија. Проектот ќе создаде партнерства помеѓу потенцијалните вработени, центрите за обука и компаниите од туристичкиот сектор, притоа помагајќи им особено на ранливите категории на граѓани да се стекнат со неопходни вештини за полесно наоѓање на работа. Проектот е фокусиран на туристичките места во Албанија и тоа – јужното крајбрежје, Драч-Каваја, Шкодра и Корча, вклучувајќи ги местата покрај Охридското езеро – Подградец и Воскопоја.

Во следните 5 години, САД и Шведска ќе инвестираат 6 милиони долари за промоција и економско зајакнување на туристичкиот сектор во Албанија.