Вести

Kuwait Airways повторно во регионот со одлична можност за Вашата кариера

По првичниот успех со преку 20 одбрани кандидатки од стотина апликации, за втор пат The Headhunter во соработка со Meccti, ќе изврши регрутација и селекција на стјуардеси за една од најпрестижните интернационални авио комапнии - Kuwait Airways.

Регрутацијата веќе започна и заинтересираните кандидатки можат да испратат своја кратка биографија.

Одбраните кандидатки за интервју (од било која држава или националност) треба одлично да знаат англиски јазик, да имаат пропорционална висина и тежина и да немаат видливи тетоважи. На интервјуто кое ќе се одржи во Тирана, доколку ги поминат тестовите ќе добијат можност за три месечна платена обука во Кувајт.

Оние кои ќе потпишат договор ќе ги имаат едни од најдобрите услови за работа на пазарот, вклучувајќи 30 дена одмор годишно и 16 дена државни празници, здравствено осигурување и осигурување од незгода во и вон работното место.

Покрај основната плата, вработените добиваат и бонуси во зависност од бројот на летови како и одреден износ за козметика, фризер и сл.

Сите трошоци од работењето се покриени додека престојуваат во други земји, а исто така имаат можност за сместување со минимални трошоци во зграда во сопственост на компанијата во Кувајт.

Покрај можноста за одлична заработка, ова е непроценливо работно искуство во глобални рамки!

Затоа сите заинтересирани кандидатки ги охрабруваме да аплицираат не подоцна од 25ти јануари на [email protected] За сите дополнителни информации јавете се на следниве броеви +355682056933 (Албанија), +38138749001 (Косово), +38970350301 (Македонија), +38267411177 (Црна Гора), +38763790885 (Босна и Херцеговина) од понеделник до петок.