Вести

The HeadHunter, отсега и во Тексас, САД

Групацијата The Headhunter, почнувајќи од 01 јануари 2017, не само што има регионално присуство, туку ги пренесе своите активности и на глобално ниво.

Почнувајќи од датумот наведен погоре, The Headhunter регистрираше своја подружница во САД и на овој начин е еден од ретките ако не и единствен случај за една албанска компанија да презема активности и да биде физички присутна во земја како САД која нуди многу можности за водење и развивање на бизнисот.

Името на компанијата е “The Headhunter Karriera, LLC” и е регистрирана во Хјустон, Тексас, како друштво со ограничена одговорност.

По отворањето на подружницата во Атина неодамна, како и проширувањето на операциите во САД, можеме слободно да кажеме дека The Headhunter го живее својот сон за глобална експанзија.

Честитките за ова достигнување одат кон основачот на компанијата, г-ин Елтон Илирјани како и кон посветените и неуморни вработени во The Headhunter.