Вести

Илирјани: Преку академијата за туризам во Дерми, младите ќе можат знаењето да го преточат во пракса

Основачот на The Headhunter Елтон Илирјани во утринската програма на Топ Канал дискутираше за последните трендови за висината на платите и побарувачката на пазарот на труд во Албанија. 

Најплатени професии според истражувањето на магазинот Монитор се – економисти/финансиски специјалисти, ИТ професионалци, маркетинг специјалисти, развивачи на софтвер,  инжинери, мехатроничари, стручњаци во хемиска индустрија итн.

Илирјани изјави: „Всушност економистите се најбарани, но се и професии во кои има највисок обрт годишно, поточно во рок од една година овие професионалци можат да сменат и по две до три компании. Од друга страна во областа на развој на софтвер и мехатроника владее сериозен дефицит на кадри и нема доволно кандидати за сите слободни места или пак не се доволно подготвени. Интернационалните компании кои имаат потреба од овие профили се спремни да бараат кадри и на Косово. Мехатрониката на пример воопшто не постоеше како гранка на Универзитетот во Тирана до пред 5-6 години, па затоа платата за овие кандидати со соодветни вештини изнесува и над 3000 евра. Земајќи го предвид овој факт, голема компанија за производство на воздушни перничиња отвори фабрика во Македонија со намера полесно да дојде до соодветни кандидати.“

На прашање на водителот, дали штотуку дипломираните млади луѓе „вегетираат“ до пронаоѓањето на првото работно место или има одредени промени во пазарот на труд, Илирјани изјави дека во моментов The Headhunter е вклучен во проект финансиран од страна на УСАИД и Шведската Влада за спроведување на обуки во секторот туризам и оспособување на човечките ресурси се со цел спремни да настапат на пазарот на труд.  

“Преку две илјади млади мажи и жени ќе се сертифицираат. Ќе се отвори нова Академија за Туризам во Дерми, каде кандидатите ќе се обучуваат на реални проекти. Не е во ред дипломиран политиколог да биде келнер или пак дипломиран економист да работи како таксист. Неопходна е професионална едукација во секој сектор. Пазарот на труд не бара само ИТ професионалци, туку професионалци во секоја област. На пример имаме неколку клиенти кои се свесни дека 2-3 експерти во својата област се префрлуваат од една во друга компанија.“

Илирјани зборуваше и за платите како изјави дека професионални готвачи се платени помеѓу 800 и 1000 евра

 “Квалитетни шефови на кујна се навистина малку – изјави основачот на The Headhunter – бидејќи да се биде Шеф не значи да земеш тава и да испржиш риба во Дерми. За да се биде Шеф потребно е доедукација и сертифицирање. Не познавам ниеден Шеф со интернационална лиценца за хигиена. Ние во Академијата ќе обрнеме внимание и на тие детали.“

Во врска со платите и мислењето кое владее дека добри Финансиски менаџери се платени и по 3000-4000 евра Илирјани, изјави:

“Овие бројки не се реални. Мехатроничари на пример беа проценети на 1000 евра но имаме случаи кога може да дојдат и до 4000 евра бидејќи има мал број на кандидати а голема побарувачка. Градежни инжинери во зависност од инфраструктурата на која треба да работат се проценети на 1000 евра. Пред некое време прочитав напис во кој се вели дека најплатената професија е Менаџер за човечки ресурси, но и тоа е релативно бидејќи побарувачката е мала а тоа е она што го диктира пазарот. Додека пак бројки од 3000-4000 евра за финансиски менаџери мислам дека се претерани и само исклучок но никако правило.“

На линкот подолу можете да го видите целото интервју на албански јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=hAgRmSYWgf8