Вести

Преставник на УСАИД во посета на канцеларијата на The Headhunter

Претсавникот за УСАИД во Албанија, г-ѓа Кејт Џонсон беше во неформална посета на канцеларијата на The Headhunter во Тирана. Г-ѓа Џонсон и нејзината колешка Г-ѓа Жанета Шатри се запознаа со вработените и се информираа за резултатите од проектот до сега од страна на директорот на проектот г-ин Бесарт Конди и експертот за техничка поддршка г-ин Елтон Илирјани, кој истовремено е и основач на компанијата.

Г-ѓа Џонсон го изрази својот ентузијазам во врска со имплементацијата на проектот и перспективата од понатамошните активности со акцент на мотивација на тимот која ќе осигура успех во следните фази.

Проектот “People First” ќе се одвива во 4 главни туристички области во Албанија како што се Корча, Шкодра, Влора и Драч.

Хотел во Дерми е веќе одбран да послужи како Академија за туризам каде најталентираните кандидати ќе го преточат во пракса знаењто добиено за време на тренингот преку реални работни задачи.

Исто така програмскиот материјал кој ќе се користи за обуки и сертификација е веќе изработен од страна на најдобрите експерти во областа.

Кандидатите ќе го стекнат своето знаење преку стручни центри за обука, како и во повеќе ресторани и хотели. The Headhunter потпиша договори за соработка со преку 100 такви компании кои имаат волја и интерес да ги вработат младите луѓе по успешното завршување на обуката.

Г-ѓа Џонсон исто така изјави дека младите во Албанија и даваат надеж и дека иднината на земјата е токму во нив.

Директорот на проектот г-ин Бесарт Конди и претставникот од УСАИД г-ѓа Џонсон симболично пресекоа торта со лого на проектот за успешен старт.

Г-ин Илирјани и се заблагодари на г-ѓа Џонсон за целокупната поддршката и изјави дека The Headhunter заради инспирацијата која ја добива од страна на на САД, неодамна отвори и свое претставништво во Тексас.

Г-ѓа Шатри во меѓувреме го потенцира фактот дека со финансиската поддршка од страна на УСАИД, организацијата верува во експертизата на The Headhunter и дека проектот и ќе има силно влијание врз охрабрувањето на младите на пазарот на труд.

 

Image

Image

Image

Image

Image