Вести

Илирјани: Како бев дискриминиран на интервјуа за работа

Основачот на Фондацијата Рини Албанија, г-ин Елтон Илирјани беше на ТВ емисија “Mesdite” во Vizion Plus, каде заедно со Офицер за заштита од дискриминација, г-ѓа Ирма Бараку, зборуваше за новиот проект на Рини Албанија директно поврзан со дискриминацијата на работното место во 5 градови во Албанија.

Во врска со Фондацијата, Илирјани изјави: „Рини Албанија функционира веќе 2 години и е доста успешна бидејќи уште во првата година доби грант од амбасадата на САД во Тирана за проект кој им помага на младите луѓе во Албанија да се информираат каде и на кој начин да пријават дискриминација за време на интервју за работа или на самото работно место. Ние како фондација им нудиме можност и идеи на младите луѓе како и каде да бараат работа согласно нивните квалификации и интереси, им нудиме бесплатни советодавни услуги поврзани со работните места но најважно од се е дека сме фокусирани на дискриминацијата која се јавува уште во процесот на селекција а потоа и на самото работно место“.

Во врска со дискриминацијата во Албанија и фактот дека младите луѓе не се доволно информирани за своите права, Илирјани потенцира:  

Ајде да покренеме свесност меѓу младите дека имаат право да се пожалат доколку некој се потсмева со нив, доколку се исклучени од процесот на селекција и интервјуирање поради сексуалната ориентација, боја на кожа, етничка припадност, политички убедувања, надворешни белези, потекло и сл. Во Албанија постои дискриминација дури и кога е во прашање физичкиот изглед. Младите не се доволно свесни за овој ограничувачки факт. Има случаи кога во процесот на селекција некои млади мажи не се повикани на интервју за работа бидејќи бојата на гласот им е поразлична и асоцира на хомосексуална определба. Ова е застрашувачки“.

Илиријани потоа раскажа и лично искуство кога бил дискриминиран на работното место.

Има ситуации кога за време на интервју „различните“ се исмевани. Ова ми се случи и мене лично пред повеќе од 10 години и на интервју за работа ми се потсмеваа бидејќи бев „различен“. Замислете ова сеуште се случува и во 2017. Има случаи кога луѓето кои доаѓаат од северот на Албанија се нарекуваат со несоодветни епитети. Или доколку некоја девојка е убава, веднаш е потенцијална жртва на недолични коментари или сексуално малтретирање – психичко или физичко. Или пак доколку имате неколку килограми повеќе од „стандардот“ веднаш сте дискриминирани како несоодветни. Има огласи за работа во кои се наведува полот кој се преферира. Ова е скандалозно – работните позиции не треба да се делат на „машки“ или „женски“ туку исклучиво според квалификации.  

Во врска со проектот на Рини Албанија, Илирјани забележа: „Нашата Фондација со поддршка од страна на Амбасадата на САД започна проект преку кој ќе се обучат стотици претставници на компании од приватниот сектор и млади луѓе кои штотуку дипломирале или бараат работа. Ќе издадеме книга која ќе биде дистрибуирана до менаџерите и регрутерите и ќе можат да ја користат за време и по завршување на обуката. Ќе изведеме целосна кампања со инструкции каде и како работобарателите или вработените ќе можат да поднесат жалба до соодветно лице одговорно за заштита од дискриминација. Во врска со дискриминацијата Илирјани смета дека е „закана по општеството“.

Во одредени случаи ние имаме култура на расизам. Си ги бараме нашите права во другите Балкански земји но од друга страна не ги почитуваме правата на другите заедници дома. Ова е проблем за сите, проблем и за регрутерите и за оние кои бараат работа. Проблем е за сите засегнати страни кои не доволно ги познаваат своите права. Младите луѓе немаат доволно информации за оваа проблематика.

Основачот на Рини Албанија упати апел до младите луѓе „Преку 40% од компаниите во Албанија ги дискриминираат младите поради возраста и поради тоа упатувам апел да се информираат, да ги идентификуваат и да ги бојкотираат производите и услугите на таквите компани. Сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на проектот кој ќе се одвива во Тирана, Фиер, Гирокастро, Шкодра и Корча слободно можат да не контактираат. Проектот е отворен за комапниите и за малдите кои бараат работа. Има различни форми на дискриминација. На прво место е политичкото убедување, потоа регионот и местото на раѓање, како и религиозната припадност во последно време. Постои изразена дискриминација и во сексуалната определба. Во 2017 постојат случаи каде медиуми отворено се потсмеваат со трансродови лица. Аплицирајте на rini.albania.al и заедно со Амбасадата на САД која е наш стратешки партнер ќе ви помогнеме во врска со овие случаи.“

На линкот подоле е целото интервју: 

https://www.youtube.com/watch?v=vcfjEjrLP0g