Вести

14 и повеќе девојки од Босна и Херцеговина во Кувајт

Успешната соработка помеѓу Headhunter и MECCETI во врска со вработувањето на стјуардеси за престижната интернационална авио компанија Kuwait Airways продолжува.

При процесот на селекција организиран во Хотел Европа во Сараево на 16-ти Април 2017 година, од 40 учеснички од Босна и Херцеговина, избрани се 14 најдобри кандидатки.

Девојките поминаа низ повеќе тестови и 14 од нив ќе се селат за Кувајт, каде ќе поминат низ обука од 2 месеци која ќе ги оспособи со вештините потребни за стјуардеси.

Пред околу  2 месеци, Headhunter ја даде оваа можноста на голем број на девојки од Босна и Херцеговина, кои сега се на крај од нивната обука и се спремни да ги започнат својата кариера како стјуардеси.