1. Барате работа?
Кратка биографија (резиме, CV)?
Кратката биографија треба секогаш да биде адаптирана на конкретната работна позиција и да ги отсликува вештините, искуството и квалификациите за таа позиција.
Привремена работа?
Привремената работа нуди можности за работници со повеќекратни вештини, искуство и образование.
Мотивациско писмо
Со пишување на добро структурирано и соодветно мотивациско писмо покажувате зошто сте вистинскиот кандидат за одредена работна позиција.
Колку вредите (износ на плата)?
Дали нудите специфична вредност на пазарот на труд? Преку напредно пребарување и информации за состојбата на пазарот ќе се здобиете со преговарачки вештини за висината на платата.
Пристојна работа
Обрнете внимание на понуди за работа кои ќе ви причинат најголемо задоволство и се најблиску до вашите очекувања. Стеснете го изборот на компании кои одговараат на вашите преференции.
2. Да се добие работното место!
Интервју
Искористете ја можноста при интервјуто да оставите одличен прв впечаток и да го убедите работодавачот дека вие сте вистинската личност за работната позиција.
Подготовка за интервју
Времето кое го користите за подготовка за интервју нека ви помогне за подигање на вашата самодоверба и обезбедување одличен прв впечаток.
Модел на CV
Напаравете CV кое ќе се двои од масата пристигната апликации. Истражувајте идеи за содржината и форматирањето соодветни за работното место за кое аплицирате.
Референци
Многу важен критериум за добивање на работно место. Наведените референци во CV-то се проверуваат и затоа наведете соодветни личности на кои им верувате и со кои сте соработувале.
Се поблиску до работното место
Планирајте го контактот по интервјуто и испратете маил со благодарност и/или барање за информација за следен чекор.
Модел на мотивациско писмо
Истражувајте идеи за мотивациско писмо и тоа соодветен формат, стил и намена за конкретна работна позиција.
Останати бенефиции
Барајте информација за останати бенефиции од работната позиција покрај платата а се силен мотиватор за вас – службено возило, покривање на трошоци, флексибилно работно време итн..
3. На работното место
Напредокот на вашата кариера
Фокусирајте се на личните и компаниски цели со солиден план и добро дефинирани чекори за активностите кои следат. Имајте визија каде сте, каде сакате да стасате и на кој начин.
Во случај на отказ
Имајте секогаш спремна стратегија во случај на отказ од ваша страна или од страна на работодавачот. Барајте писмо за препорака и нека заминувањето биде позитивен процес, за вас и вашата кариера и за работодавачот