Првиот чекот во овој процес треба да биде таргетирање на вистинската позизија за коа сте заинтересирани. За време на ова истражување треба да бидете фокусирани и аналитични. Доколку е можно, пробајте да најдете што повеќе информации за работодавачот и да ги искористите тие информации во следните чекори.
Следен чекор е подготовка на CV (кратка биографија). Имајте на ум дека CV-то е „жива“ материја и потребно е да се адаптира на конкретната позиција за која аплицирате. Бидете свесни дека првичниот преглед на Вашето CV можно е да го прави компјутерска програма или човек, така што Ваша задача е да го направите препознатливо и во двата случаи. Да можете да креирате соодветен формат на кратка биографија треба внимателно да го прочитате „Описот на работната позиција“ наведен во огласот и согласно дадените информации да понудите едноставна и јасна информација за тоа како Вие би одоговориле на наведените барања.
Доколку работодавачот бара со CV-то да се достави и мотивациско писмо, одвојте доволно време да го подготвите и прилагодите на бараната позиција. Мотивациското писмо треба да содржи јасни и концизни податоци за Вашите квалификаци кои одговараат на дадената позиција и Вашиот мотив зошто сметате дека бараната позиција е соодветна за Вас
Испратете ја Вашата пријава (прикачете ја на веб страната).