Постојано испраќате биографии и мотивациски писма на сите можни огласи за работа а сеуште сте невработени? Не сте задоволни од сегашната работа но никако не ви се укажува можност за нова? Убедени сте дека Вашето CV е добро или дека не игра улога при вработувањето! Постојано Ве повикуваат на интервју но никако да ја добиете работата!
Решението на проблемот е токму во прашањата кои си ги поставувате!
1. Постојано испраќате биографии и мотивациски писма на сите можни огласи за работа а сеуште сте невработени? Во никој случај не смеете да испраќате биографии на сите можни огласи за работа. Пред да аплицирате за некое работно место дадено на јавен оглас треба добро да го проучите огласот и да се уверите дека дадената работна позиција или компанија одговара на вашите квалификации, способности, дух и искуство. Доколку во дадениот оглас за работа стои дека се бара Менаџер за продажба со минимум 3 годишно работно искуство, а вие штотуку сте завршиле факултет и сте биле на work&travel програма, сигурно нема да ви го разгледаат CV-то а камоли да ве земат во предвид за интервју или вработување. На тој начин само правите бесцелни чекори и губите драгоцено време – своето и на потенцијалниот работодавач.
2. Не сте задоволни од сегашната работа но никако не ви се укажува можност за нова? Хмм...Што е проблемот со ова прашање?
Прво, доколку не сте задоволни од сегашната работа имате три опции:
Второ, никако нема да ви се укаже можност доколку не работите на истата! Ништо не паѓа од небо и за секој успех потребно е работа...и тоа многу работа!
3. Убедени сте дека Вашето CV е добро или дека не игра улога при вработувањето! Многу често слушам коментари од типот, што има врска CV-то, позицијата е сигурно наместена, или ај те молам напиши ми CV треба да го пратам негде, мајка ми ме замара...
Да многу позиции се наместени и огласите се про-форма но поголем дел од работодавачите во секој сектор сакаат да видат квалитетни апликации и да го одберат најдоброто за својата компанија. Доколку не се потрудите да бидете оригинални, искрени и без грешки при самото аплицирање, сигурно тоа нема да го направите ако по некоја случајност ве вработат. Пред да испратите CV некаде, замолете некој да ви го провери - ако ништо друго бар ќе нема печатни грешки.
4. Постојано Ве повикуваат на интервју но никако да ја добиете работата!
Сте го завршиле првиот дел од домашната работа но со тоа што некој ве повикал на интервју не значи дека сте и примени. Најголема тежина во процесот на вработување има интервјуто, што значи и подготовките за истото треба да бидат сериозни. Ако дојдете до тој момент потенцијалниот работодавач веќе не го интересира што пишува во CV-то туку проценува дали вие сте најсоодветниот избор за него, неговиот тим или неговиот бизнис. Дали доволно се подготвувате за интервју, истражувате за компанијата, работите на себе, внимавате на изборот на облека и шминка, поставувате прашања, одговарате искрено? Дури и ако ја добиете работата, доколку не сте биле целосно искрени, треба да се прашате што потоа?
И за крај, запомнете – Барањето работа Е работа!