Мапирање на плати

Image

 

Што е тоа мапирање на плати?

Мапирањето на плати ги поврзува Класификацијата на занимања со Типот на работна позиција која се бара од страна на работодавачите. Овој начин на утврдување на платата му овозможува на носителот на одлука да одреди точен износ на плата и примање согласно класификацијата на работната позиција.

Што е тоа класификација на занимања?

Преку класификацијата на вработените во групи согласно нивниот степен на образование, работно искуство и останати квалификации неопходни за работното место се добива појасна слика за степенот на примања во одредена група.

Што е тоа тип на работна позиција?

Оваа категорија се одредува во зависност од описот на работната позиција наведен во огласот за работа. Постојат 3 основни типа на работни позиции и тоа – Општи, академски и извршни. Се одредуваат во зависност од различни фактори како на пр. условите за работа, образованието, обемот на работни обврски, бенефитите од работните обврски и сл.

The Headhunter Group им помага на своите клиенти при одредување на точен тип на работна позиција кој треба да се наведе во огласот за работа и советува во однос на класификацијата на занимања се со цел да се утврди реалниот износ на плата кој треба да им се понуди на потенцијалните кандидати.