Вести

Проектниот тим на “People First” е претставен пред јавноста

Денес во Тирана, The Headhunter ltd го претстави својот тим одговорен за   “People First” проектот, финансиран од страна на УСАИД и Шведската амбасад во Албанија. Проектот е насочен кон развој на туризмот преку обуки и доквалификација на човечки ресурси во секторот со цел да се стимулира растот на работните места и вработливоста во Албанија.   

Овој проект кој беше претставен на 15 декември во Тирана,  ќе трае 2 години и во моментов е во фаза на имплементација.

Проектот ќе креира партнерство помеѓу потенцијалните работодавачи, професионалните тренинг центри и компании и ќе креира професионален развој особено за млади лица, жени и ранливи категории на граѓани со цел да станат дел од работната сила на пазарот. Проектот е концетриран на четирите туристички дестинации во Албанија и тоа: јужната ривиера, Драч-Каваја, Алабнските алпи/Шкодра и Корча, вклучувајќи ги Охридското Езеро , Подградец и Воскопоја.

Проектниот тим претсавен и на фотографијата е следен:

Бесарт Конди – Директор на проектот

Еранда Имерали – Директор на финансии

Елтон Илирјани – Експерт за техничка поддршка

Ирис Бајо – Одговорна за развој на биографии

Сокол Конди – Менаџер за комуникации и ПР

Дорина Лачи – Логистика

Метјона Илирјани – Проект координатор

Елјона Бачи – Административен асистент