Вести

Стратешка работилница на The Headhunter во Дерми

 

The Headhunter одржа работилница во Дерми поврзана со остварувањата на групацијата до сега како и поставување на долгорочна стратегија за идните остварувања.

На овој состанок беа присутни менаџерските тимови од канцеларијата во Тирана, како и од Косово, Македонија и БиХ.

Покрај растот од 128% од основањето на компанијата во 2012, се дискутираше и за чекорите што треба да се превземат за понатамошна консолидација и подобрување на работењето како основна определба на The Headhunter земајќи ја предвид експанзијата во САД и Грција.

Меѓу бројните остварувања на The Headhunter се потенцираше и бројката на регрутации во Албанија која достигна 1380 вработувања во Албанија додека пак  The Headhunter може да се пофали и со бројка од 1500 вработувања врз база на привремени вработувања како иновативно решение за повеќе компании во Албанија и во странство.

Исто така и Косово и Македонија не заостануваат кога станува збор за остварувањата во регрутациите и привремените вработувања

Мора да се спомене и успехот на The Headhunter во организирање на обуки каде во изминатите две години експерти на Групацијата обучија и квалификуваа преку 5500 вработени во јавни институции како OSHEE (Организација за дистрибуција на електрична енергија) и Пристаништето во Драч поврзани со теми како што се обезбедувањена квалитетна клиентска поддршка, здравје и безбедност при работа и останати теми.

Изборот да се одржи овој семинар во Дерми не е случаен бидејќи Дерми е скапоцен камен во Албанија каде што неодамна се започна со подготвки за креирање на првата Албанска Туристичка Академија во рамки на проектот “People first”, прифатен со многу ентузијазам од страна на локалното население кое е заинтересирано за развој на квалитетен и елитен туризам.