Вести

Успехот продолжува! The Headhunter испраќа уште 15 девојки во Кувајт

Успешната соработка помеѓу The Headhunter и MECCTI поврзана со регрутацијата на стјуардеси за престижната авиокомпанија Kuwait Airways продолжува.

Во процесот на селекција организиран во The Plaza Hotel во Тирана на 12ти март, од 70 кандидатки од Албанија, Косово и Црна Гора, 15 најдобри беа селектирани од страна на авиокомпанијата.

По извршеното тестирање 15 девојки ќе се преселат во Кувајт каде ќе посетуваат обука со цел да се подготват за работниот ангажман како стјуардеси. 

Пред 3 месеци The Headhunter веќе организираше ваков настан каде имаше значаен број на девојки кои веќе се во Кувајт на обука и се подготвени за успешен старт и летови во авиокомпанијата.