блог

Како да добиете унапредување

Image

Поминаа веќе 12 месеци на новото работно место. До сега сигурно сте веќе адаптирани, сте стекнале пријатели на работа и сте работеле напорно да ги остварите зададените цели. Што е следно? Унапредување се разбира.

За работодавачот унапредувањата се резултат на опипливи достигнувања и придонес во изминатата година. Не се добива унапредување само зошто ви следува, треба навистина да се потрудите и да се „продадете“ во најдобро светло. 

На пример, барам од мојот тим да испраќа неделни извештаи за прогресот на проектите на кои работат. На овој начин и тие самите имаат можност да го согледаат прогресот на неделно ниво до каде се и што оствариле. Ова е одличен начин на спознавање без разлика дали станува збор за добра или лоша работна недела и основа за конструктивен фидбек.

Лесно да е се стагнира во комфортна зона кога веќе имате работа. Не дозволувајте ова да ви се случи. Советувам користење на календар за секоја тековна или завршена активност. На овој начин кога ќе дојде момент за проценка веќе имате записник што точно сте сработиле и каков е вашиот допринос кон бизнисот во целост. Размислете внимателно за ова и нека не биде само листа на сработени задачи туку оставете и ваш личен печат доколку сакате да го импресионирате работодавачот.

Ова е супер начин кој ќе ве држи на правиот пат и ќе ве поттикнува и мотивира истовремено. Ќе можете да разберете кои вештини ви недостигаат и кои сакате да ги стекнете. Осигурајте се дека листата содржи остварени достигнувања и на тој начин ќе му покажете на работодавачот дека разбирате на кој начин може да се стигне од точка А до Б.

Осигурајте се дека вашиот претпоставен нема друг избор освен да ви го даде заслуженото унапредување. Доколку не ве унапредат и покрај сите достигнувања следниот чекор е јасен.

Не ја потценувајте годишната проценка. Однесувајте се како да се наоѓате повторно на интервју за работа на кое треба да се „продадете“ најдоббро што можете. На некој начин интервјуто за унапредување е можеби и потешко отколку самото интервју при вработување.

Препорачуваме подготовка на презентација која ќе ги содржи вашите достигнувања во изминатите 12 месеци. На овој начин ќе ги покажете вашиот професионализам и комуникациски вештини. За време на презентацијата зборувајте со вашиот претпоставен за 12 месечното „патување“ и нагласете ги сите клучни аспекти на кои сте работеле за остварување на зададените цели. Од нашето искуство навистина е реткост да се види вработен кој е толку организиран и ги планира активностите, но не треба да биде така бидејќи со користење на оваа техника унапредувањето е навистина олеснето.

Кога размислуваме за проценки кои навистина оставиле впечаток секогаш една ми доаѓа на памет. Личноста која ја оценуваме го направи токму тоа – го идентификува личниот развој и преку конкретни податоци искажани во презентацијата не убеди дека унапредувањето е заслужено.

Истотака отиде еден чекор понатаму и наведе комерцијална вредност на достигнувањата, т.е. преку бројки наведе колку од тие достигнувања придонеле до растот и развојот на компанијата. По завршувањето на презентацијата беше природен и логичен чекор таа личност да добие унапредување. 

Трикот е да верувате во себе – колку и да звучи познато. Ако верувате дека навистина заслужувате унапредување и сте направиле се што е потребно да го добиете, и вашиот работодавач ќе го види истото. Следете го овој процес и покажете дека можете да ја унапредите вашата позиција во компанијата, на тој начин нема да доживеете разочарување!