блог

5 работни позиции со најголем потенцијал за раст во 2017

Според статистичките податоци и трендовите следени преку сите барања за вработување од страна на клиенти во текот на 2016 година во The Headhunter во Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина се забележува дека се бараат најмногу позиции поврзани со продажбата.

Поделени во категории, работодавците велат дека дистрибуција и продажната индустрија се оние со највисок динамичен раст.

Исто така побарувачката во фармацевтските компании и здравствената индустрија во целина се зголемува со исклучително брзо темпо.

Судејќи според овие параметри, The Headhunter ги анализираше податоците за плата и работни места и подготви листа на позициите со најголем потенцијал за 2017 година во регионот.

За рангирање на работните места се земаа во предвид следниве параметри: плата, кариерен раст, бројот на барања за нови работни места, раст од година во година и достапноста.

Исто така, предмет на анализата се и потребните вештини барани од страна на работодавците за секоја индустрија, посебно за секое работно место.

Според истражувањето, сите слободни работни места со највисок потенцијал за 2017 година имаат една заедничка карактеристика а тоа се таканаречените „меки вештини“ или Soft Skills.

Врз основа на обработените податоци работните позиции со најголем потенцијал за раст во 2017 по земја се:

Албанија:

1. Програмер
Просечна плата: 1,000 евра
Нови работни места на годишно ниво:  70+

Основни вештини: програмски јазици како Java, C++ итн.; аналитички вештини

2. Претставник за продажба

Просечна плата: 500 евра
Нови работни места на годишно ниво: 250+

Основни вештини: искуство во FMCG, продажба, комуникациски вештини

3. Бренд менаџер и менаџер за продажба

Просечна плата: 800-1,500 евра

Нови работни места на годишно ниво: 80+

Основни вештини: искуство во FMCG, продажба, комуникациски вештини, планирање и менаџирање со луѓе и ресурси

4. Менаџер/Супервизор во сектор за грижа на корисници

Просечна плата: 1,500-2,500 евра

Нови работни места на годишно ниво: 100+

Основни вештини: Комуникациски вештини, менаџерски вештини, планирање, грижа за корисници, преговарање, влијание и кредибилност.

5. Консултанти за правни прашања

Просечна плата: 800 евра

Нови работни места на годишно ниво: 100+

Основни вештини: Академско образование, искуство во професионална институција, аналитички вештини, флексибилност, внимание кон детали.

Косово:

1. Медицински претставник

Просечна плата: 700 евра

Нови работни места на годишно ниво: 70+

Основни вештини: завршено високо образование во медицина или фармација, продажни вештини, фармацевтски консалтинг.

2. Претставник за продажба

Просечна плата: 500 евра
Нови работни места на годишно ниво: 250+

Основни вештини: искуство во FMCG, продажба, комуникациски вештини.

3. Бренд менаџер

Просечна плата: 800-1,000 euros

Нови работни места на годишно ниво: 80+

Основни вештини: искуство во FMCG, продажба, комуникациски вештини, планирање и менаџирање со луѓе и ресурси

4. Специјалисти за човечки ресурси  

Просечна плата: 500 евра

Нови работни места на годишно ниво: 50+

Основни вештини: влијателност, критичко размислување, кредибилитет, одлични советодавни вештини.

5. Консултанти за правни прашања

Просечна плата: 800 euros

Нови работни места на годишно ниво: 100+

Основни вештини: Академско образование, искуство во професионална институција, аналитички вештини, флексибилност, внимание кон детали.

Црна Гора:

1.  Менаџер на хотел

Просечна плата:  1,500 евра

Основни вештини: минимум искуство од 7 години во индустријата, продажба, маркетинг и мрежа на контакти.

2. Менаџер за храна и пијалоци:

Просечна плата: 1,000 евра

Основни вештини: минимум искуство од 5 години во иста или слична дејност.

3. Шеф на кујна

Просечна плата: 1,000 евра

Основни вештини: минимум искуство од 5 години во иста или слична дејност.

4. Наставник по математика

Просечна плата: 500 евра

5. Градежен инженер

Просечна плата: 1,000 евра

Македонија

1. Програмер
Просечна плата: 1,500 евра
Нови работни места на годишно ниво:  100+

Основни вештини: програмски јазици како Java, C++, Node.Js, PHP итн.; аналитички вештини

2. QA тестер  

Просечна плата: 600 – 700 евра
Нови работни места на годишно ниво: 120+

Основни вештини: селениум тестирање, автоматско и мануелно тестирање, работно искуство од мин 1 година.

3. Менаџер за продажба

Просечна плата: 1,000-1,500 евра

Нови работни места на годишно ниво: 80+

Основни вештини: искуство во ИТ продажба, продажба, комуникациски вештини, планирање и менаџирање со луѓе и ресурси

4. Менаџер/Супервизор во сектор за грижа на корисници – контакт центар

Просечна плата: 600-1,100 евра

Нови работни места на годишно ниво: 50+

Основни вештини: Комуникациски вештини, менаџерски вештини, искуство во телемаркетинг, странски јазици и подготовка на извештаи.

5. Шеф на кујна

Просечна плата: 1,000 – 1,300 евра

Нови работни места на годишно ниво: 60+

Основни вештини: Искуство во кујна – обуки и сертификати, интернационална и традиционална кујна.

Босна и Херцеговина

Работни места во Босна и Херцеговина

•    Продавач 9.3%         380 евра

•    Оператор во контакт центар 400 евра

•    Програмер 3.2%.......................................................700 евра

•    Медицински лица (сестри, болничари) 3.0%....................500 евра

•    Менаџерски позиции 2.3%........................................................1200 евра

•    Келнери 1.8%.................................................340 евра

•    Претставници за осиурување 1.4%................................450 евра

•    Градежни работници 1.2%.........................................................400 евра

•    Градежни инженери 0.9%.................................................1000 евра