Вести

Е. Илирјани: 13та плата и бонуси врз база на остварување на како популистичка мерка

Основачот на компанијата The Headhuhter sh.p.k, г-ин Елтон Илирјани имаше видео јавување на утринската програма на телевизија  „Top Channel“ каде беа присутни  Ервин Мете, заменик министер за финансии и Кол Николај, претседател на сојуз на синдикати на Албанија. 

Г-ин Илирјани зборуваше за годишните бонуси кои се исплаќаат во приватниот и јавниот сектор. 

Г-ин Илирјани  кажа дека вработувањето треба да e добро дефинирано со Договорот за вработување и сите бенефиции и бонуси треба да се содржани во самиот договор.

"Наградите треба да се правопропорционални со остварувањата. Не смее да има бонуси во приватниот сектор само под услов ако компанијата остварува профит. Бонусите треба да се поврзани и доделени на оние вработени кои имаат директна заслуга за тој профит.“

Водителот на емисијата Ено Попи, го запраша г-ин Илирјани дали наградите треба да се доделуваат само во приватниот или и во јавниот сектор, на што г-ин Илирјани одговори: „ Конкуренцијата треба да постои во секоја институција. Јас сум против популистички мерки кон крајот на годината, за време или пред избори. Треба да градиме култура на награди и казни врз база на лични остварувања. За некои компании имплементацијата на системот за награди и казни е нивен главен двигател. Оние вработени кои заслужуваат треба да се наградат. Во САД и Британија на пример не постојат популистички методи на награда туку само бонуси врз база на перформанс. Интернационалните комапнии во Албаниија имаат изградено добро дефиниран систем за наградување додека некои локални компании сметаат дека регресот е морална и популистичка мерка.“