Вести

Имерали: Чекори кои треба да се следат за да се избегнат „изненадувања“ од договрите за вработување

 

На покана на утринска програма во Топ Канал, ко-директорот на The Headhunter, г-ѓа Еранда Имерали, зборуваше за договорите за вработување и колку тие се реално читани од страна на работниците. Водителот го потенцира фактот дека во денешно време не се посветува доволно внимание на договорите и дека тие понекогаш воопшто не се ни читаат.

Околу овој феномен, Имерали изјави: „Кандидатите се возбудени околу добрата вест дека ја добиле работата и ги забораваат останатите моменти. Мораат да бидат свесни дека со таква реакција ентузијазмот околу вработувањето ќе спласне и на површина излегуваат и не толку пријатни работи.“

Со цел да се избегнат непријатни изненадувања, Имерали советува: „Кога ќе информирате некој дека ја добил работата, двете страни треба барем во 15 минути да го поминат договорот од почеток до крај. На тој начин доколку постојат одредени спорни или нејасни членови ќе се разјаснат. Остатокот од договорот најчесто е стандарден договор според Закон за работни односи, ака што 15тина минути се сосем доволни.“ 

Можете да го прашате идниот работодавач за нејасните моменти а не да се фокусирате само на еден член. Тоа е најчесто платата на која идните вработени посветуваат најголемо внимание а ги занемаруваат останатите членови. Постојат и други детали околу кои треба да се биде внимателен, како на пример личните податоци, матичниот број, бројот на лична карта или пасош и сл.  

На прашањето, на кој начин ќе се осигураме дека идниот вработен го прочитал внимателно договорот, Имерали ја претстави праксата која е вообичаена за The Headhunter.

Начинот кој го практикуваме во нашата компанија е следен – го оставаме идниот вработен сам во конференциска просторија околу 15-20 минути кои се доволни внимателно да го прочита договорот и да подготви евентуални прашања. По ова некој од нашите претставници го проаѓа договорот со вработениот и одговара на нејасните членови. Во  врска со техничките детали договорот треба да се потпише на секоја страна со сино пенкало.

Соочени со проблемите со кои се соочува младата генерација во Албанија и во странство, Имерали додаде: „Постои генерална тенденција која се наследува и од помладата генерација. Имено станува збор за соработка и доверба помеѓу работодавачот и работникот преку кои идниот работодавач треба да го информира работникот дека секој дел од договорот треба внимателно да се прочита за да се избегнат изненадувања во блиска иднина, без разлика дали станува збор за позитивен или негативен момент. Договорот не е предолг документ и е прилично едноставен за разбирање. Доколу зборуваме за фер однос помеѓу договорните страни од кој треба сите да имаат бенефит, работодовачот треба да му помогне на работникот да го разбере Договорот за вработување и да ги појасни недоволно објаснети членови.

https://www.youtube.com/watch?v=T-WZi8_3KPw&feature=player_embedded